За Нас

Дома / За Нас

За Нас


За Нас

ДООЕЛ НАРЦИС БИТОЛА) е Македонска компанија основана 2000 година и е сопственик на веб страната www.cezar.mk. Целта ни е да нудиме услуги и производи кои ги задоволуваат секојдневните потреби и желби на нашите корисници . Се трудиме да се однесуваме со нашите купувачи така, како што и ние самите посакуваме другите фирми да се однесуваат према нас. А тоа значи: Нудиме попусти за услуги кои и самите ги посакуваме и Немаме никакви тајни и скриени трошоци кои би предизвикале непријатност кај купувачите. Стратешки партнер на www.cezar.mk e ПОДРУЖНИЦАТА ШУРБЕ СТИЛ БИТОЛА, компанија која се занимава со продажба на железарија, бои и лакови, алати, водоводни материјали, галантерија за купатила, автомобилска галантерија, градинарска опрема итн . www.cezar.mk e регионална интернет продавница која ви овозможува едноставно купување на производи од широкиот асортиман директно од удобноста во вашиот дом, на работа или во движење со што заштедувате време и пари. Нашиот асортиман се одликува со производи од областа на алати за широка потрошувачка, електрични и акумулаторски алати, галантерија за вашиот дом, градинарска опрема, играчки, подароци, автомобилска опрема и многу други. На www.cezar.mk ќе најдете детален опис на секој производ со сите карактеристики, назнака за неговата достапност, соодветниот гарантен рок и можностите на достава. Со користење на www.cezar.mk добивате можност да изберете каде и кога купените производи да се достават, начинот на плаќање кој најмногу одговара на вашите можности, вирманско плаќање со општа уплатница или плаќање при испорака на вашата адреса.

Нашите предности

Соодветно прилагодениот преглед на содржините Ви овозможува лесна навигација на интернет продавницата со достапност на потребната информација во неколку чекори. Високиот квалитет на нашите услуги доаѓа од континуирано инвестирање во развојот на технички решенија, безбедноста при плаќањето и разновидноста на производите по конкурентни цени. Нашите вредности се утврдени со начинот на кој ние работиме, како во компанијата така и надвор од неа. Со особено внимание се грижиме за развојот на нашите вработени, градењето добрите односи со нашите добавувачи и нашите клиенти за да обезбедиме што подобар квалитет на нашите производи и услуги.

Мисија

НАШАТА МИСИЈА е да ја пренесеме нашата долгогодишна успешна работа, нашите вредности, нашата посветеност во работата , професионалност и одговорност , нашата доверливост и на нашите идни крајни купувачи/потрошувачи да им заштедиме време преку едноставно, функционално и сигурно веб купување, кое ќе им овозможи брзо и лесно да стигнат до посакуваниот производ.

Визија

НАШАТА ВИЗИЈА е нашата Компанија да прерасне во КОМПАНИЈА која ке ја опслужува во најмала рака Репулика Македонија, да се развиеме во БРЕНД лесно препознатлив кој ќе биде синоним во Република Македонија во онлајн продажбите , со една единствена цел – 100% Среќни Клиенти, создавање поголема вредност и заштеда на нивниот највреден ресурс – времето.